Fur coats and jackets – a style game on a higher level

Зимските денови ни носат уште еден клучен елемент – крзното. Секако во комбинација ги ставаме еко-варијантите, односно вештачкото крзно.

Меката и топла текстура од секогаш ја имала моќта да ја освои секоја дама, а и добар дел од момците.

Затоа и оваа зима која за кратко ќе ни пристигне ќе носиме еко-крзно. Овој материјал го подигнува стилскиот момент на едно многу повисоко ниво.

Со крзното секој аутфит добива луксузен допир, софистицираност и елеганција што е од особено значење за свечените моменти.

Социјалните мрежи веќе ни го сервираат крзното на разни начини, од капути и јакни, па се до крзнени чанти и чевли.

Модните куќи од секогаш биле фасцинирани од него, со таа разлика што сега многу од нив се приклучија на еко-иницијативата.

Затоа денес за сите дами ја носиме нашата крзнена галерија да ве згрее и расположи во претпразничните денови.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish