Dior's magical holiday windows in Paris

Излогот на луксузниот бутик на модната куќа Диор, којшто се наоѓа на познатата авенија Монтењ во Париз, заблеска во празнична декорација.

За оваа прилика Диор искористи многу елементи од претходните години, односно се приклучи на иницијативата за реупотреба на предмети.

На свеченото палење на празничните светилки и инсталации беа актерката и модел Летиција Каста и извршната директорка и претседател на модната куќа Делфин Арно.

Изостанаа традиционалните декорации како божиќни венци и лампиони, а наместо тоа се осветлија мини Ајфелови кули, Триумфална капија, гигантски Lady Dior и Saddle чанти, како и мали часовници со кукавици.

Тимот задолжен за украсување вклучи и морски коњчиња, корали и морски ѕвезди елементи коишто ги имаше колекцијата Cruise 2025 на Марија Грација Кјури.

Еднорози, лавови, мајмуни и импресивни птици се исто така дел од светот на соништата на Диор.

Излозите се своевидна инспирација од детството на Кристијан Диор поминато во гратчето Гранвил во Франција.

Фото: Dior

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish