Eva Zivkovska – a great hope in the opera starry sky

На 10 септември ќе се случи голем настан во Хрватска, каде што на покана на легендарниот Џанфранко Папалардо Фиумара ќе гостува нашата млада оперска пејачка Ева Живковска.

Концертот кој што е насловен NO(c)TE(s) ќе биде одлична можност за Ева која има само 22 години да ја стартува својата блескава иднина под оперското ѕвездено небо.

Нашата ѕвезда во подем ќе биде облечена во две креации на етаблираниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, кој што застана зад неа.

Г-ѓа Елена Пандева заедно со тимот соработуваше со Ева за претстојниот концерт и ќе продолжи да биде нејзина огромна поддршка и понатаму.

Додека Ева се подготвуваше за фотосесија носејќи неколку прекрасни ЕЛЕНА ЛУКА креации, накратко поразговаравме со неа.

Здраво Ева, се надевам те наоѓаме во добро расположение… Кажи ни нешто повеќе за тебе, која е Ева?

Добар ден ви блгаодарам на поканата. Јас сум Ева Живковска, млад оперски пејач кој студира на факултетот за музичка уметност во Скопје. Покрај студиите во Скопје своето знаење го надополнувам и во Виена.

Имам 22 години, а со пеење започнав на 15 годишна возраст. За прв пат настапив заедно со македонската филхармонија на 16 години и тогаш се роди мојата желба за операта.

Моментално си на фотосесија и се подготвуваш за голем настан, за што станува збор?

Да, на 10 септември ме очекува голем концерт во Хрватска. Ќе пеам пред голема публика и со големи имиња од операта, што е одлична прилика и непроценливо искуство за еден млад пејач како мене. Настапувам на покана од директорот на операта во Сицилија, Џанфранко Папалардо Фиумара, кој е и пијанист.

Настанот ќе се случува во Aqua Iasae, односно Стариот римски храм во градот Вараждин на денот на Вараждинската општина. Јас сум специјален гостин на фестивалот каде ќе настапат и Роберто Креска, Алесио Кваресима Ескобар, Јелена Стефаниќ, Мартина Томчиќ…

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish