For the first time, a transgender person has been chosen as Model of the Year

Трансродовиот модел Алекс Консани испиша историја откако беше одбран за Модел на годината на манифестацијата Fashion Awards во Лондон.

Консани ја прими наградата од активистката и модел Ешли Греам и порача дека треба да се прифатат сите различности во индустријата.

Моделот кој има само 21 година од 2019-та работи за агенцијата IMG Models, која е позната по ангажманите на Клаудија Шифер, Хејли Бибер и сестрите Хадид.

Алекс се прослави преку апликацијата TikTok, каде што ја следат повеќе од 4 милиони следбеници.

Престижната награда Model of the Year ги комбинира мислењата на одбрано модно жири и резултатите од јавно гласање.

Главната карактеристика според која се одбира моделот е влијанието што тој/таа го има на глобално ниво во индустријата, во период од 12 месеци.

Алек заедно со Валентина Сампајо беа првите трансродови модели што зачекорија на модната писта за време на шоуто на Викторија Сикрет.

Фото:Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish