Macedonian bagpipe declared an intangible cultural heritage by UNESCO

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“  е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.

Мултинационалната номинација, поднесена од Македонија и Турција, беше разгледана и усвоена на вчерашната сесија на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство, што се одржува во Асунсион, Република Парагвај.

Ова е важен момент во македонската култура бидејќи дури по 7 години нашата држава впишува уште едно нематеријално културно добро на листите на УНЕСКО, со што вкупниот број на впишани заштитени добра од нашата држава е 6, од кои веќе 2 заеднички со Република Турција.

Номинацијата беше подготвена со меѓусебна координација на македонскиот тим, составен од претставници од Управата за заштита на културното наследство и од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, и експертскиот тим на Министерството за култура и туризам на Република Турција.

Впишувањето на добрата на листите на УНЕСКО претставува обврска за државите, но и можност за промоција на националното богатство во глобални рамки и зачувување за идните генерации.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish