Mocha Mousse is the color that will mark the coming year

Институтот Pantone ја објави бојата што ќе ја одбележи годината што следи.

Нијансата што ќе биде актуелна во 2025 го носи името 17-1230 Mocha Mousse. Станува збор за боја која со својот богат тон недоливо потсетува на чоколада, кафе, какао…

Како што ја опишуваат од Институтот новата пантон нијанса истовремено е префинета и луксузна, но и непретенциозна потсетувајќи нè на природата со нејзините земјени тонови.

Mocha Mousse ни ја менува перцепцијата за кафената боја отворајќи цел нов свет на можности. Оваа боја создава еден вид на баланс помеѓу модерните тенденции и безвременската убавина на уметничките решенија.

Несомнено е дека оваа слатка нијанса ќе најде свое место како во ентериерите така и во модата.

Photo: Instagram

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish