Францускиот дизајнер Џон Галијано ја напушта модната куќа Мејсон Марџела по 10 годишна служба како креативен директор.
Галијано на својот Инстаграм профил напиша “денес е денот кога кажувам збогум… моето срце е исполнето со голема благодарност, а мојата душа со насмевки”.
Дизајнерот не сакаше да го открие неговиот следен подвиг и порача дека тоа ќе се случи кога ќе дојде вистинското време.
Галијано, 64, имаше одлична финална година со Марџела, а тоа во голема мера се должи на успехот со колекцијата Artisanal 2024.
Тој се приклучи кон брендот како креативен директор во 2014-та три години по напуштањето на Диор, откако беше обвнинет за антисемитски говор.
Неговото патешествие годинава доби и документарец под наслов High and Low: John Galliano, којшто зборува за неговиот брз подем, падот по осудата и периодот на рехабилитација.
Според Vogue Галијано е еден од најталентираните модни котуриери во светот кој создава цел свет од приказни зад своите креации.
Фото: Facebook, Pinterest