Street fashion in Copenhagen – style on a higher level

Модната недела во Копенхаген опасно им конкурира на оние во Париз и Милано. Сканди естетиката веќе одамна има обезбедено голем број на следбеници.

Со својот смел израз којшто неретко е комбинација на винтиџ и модерни парчиња, стилот на скандинавските инфлуенсери секогаш привлекува внимание во модниот свет.

Улиците во главниот град на Данска, се пак посебна приказна. Годинава ладното време наложи многу слоеви, а со тоа и повеќе шанса за експериментирање и мноштво на храбри решенија.

Од класичен скандинавски минимализам до микс од моќни бои и дезени, потенцирајќи ги трендовите за претстојната есен/зима 2025-та.

Предимензионирани капути и палта коишто се на едно повисоко ниво ставија печат на она што ќе го гледаме во сезоната.

Сканди стилот останува доследен на комфорот и и модерните трендови.

Фото:Getty

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish