Беретка – моќен моден додаток за зимската сезона

Оваа есен и зима беретките повторно ја освојуваат модната сцена и се враќаат како задолжителен детаљ за сите што сакаат стил со карактер.

Овој безвременски аксесоар внесува француска елеганција и женственост во секој изглед, без разлика дали е дел од урбана комбинација со кожна јакна или дел од пософистициран стајлинг со долг капут.

Во тренд се беретки изработени од волна, твид и кожа, кои совршено ја комбинираат удобноста со елеганцијата.

Бојната палета за сезоната е богата и топла, доминираат нијанси на црвена, бордо, темно-сина, беж и сива, но и смели тонови како смарагдно зелена и виолетова за оние кои сакаат да се издвојат.

Модерната жена ја носи беретката со самодоверба, претворајќи ја во симбол на стил и независност. Без разлика дали е класична или украсена со детали, беретката останува моден израз на софистицираност што никогаш не излегува од мода.

Беретките се моден додаток без ограничувања, ги носат и младите девојки кои сакаат модерен и урбан изглед, и жените што преферираат елегантен и класичен стил.

Токму во тоа е нивната убавина, беретката им прилега на сите генерации, само начинот на комбинирање ја прави уникатна.

Помладите најчесто ја носат со капути во боја или кожни јакни, за поигрив и современ изглед, додека повозрасните дами ја комбинираат со волна, твид или едноставни линии што додаваат благородна елеганција.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish