Зошто целосниот беж ентериер стана најпосакуваниот тренд во светот?
Бежовата палета со сите свои нијанси како песоклива, кремава, карамел и слично денес е најчест избор на архитектите и стил-консултантите кога се создава луксузен, мирен и беспрекорно хармоничен дом.
Но, дали е паметно целиот дом да биде во беж?
Да. Но, доколку тоа го направиме на вистинскиот начин.
ЗОШТО БЕЖОВАТА ПАЛЕТА Е „НОВИОТ ЛУКСУЗ“?
Одговорот е едноставен – таа е бојата на спокојството.Бежот ја смирува психата, го релаксира телото и создава комбинација од топол минимализам и хотелски луксуз.

Беж бојата е сталожена – не доминира туку ја подигнува архитектурата. Дозволува мебелот, уметноста и текстурите да „дишат“. Безвременска е, а во исто време не важи за трендовска.

Белата е ладна, црната е драматична, додека беж е европскиот баланс, модерен и шик.

ДАЛИ МОЖЕ ЦЕЛИОТ ДОМ ДА Е ВО БЕЖ?
Да, но потребно е слоевито уредување со текстури, односно суптилна комбинација од:
- кадифе
- мат кожа
- лен
- природно дрво
- камен (травертин)
Доколку ова се искомбинира како што треба ентериерот нема да биде монотон, туку совршена композиција од комплементани нијанси.

Играјте си со тоновите. Користете барем четири нијанси од светло до темно:
песоклиава → беж→ taupe (кафено-сива)→ орев

Најдете ги спротивните точки. Беж нијансата го бара тој контраст, па затоа додајте:
- црни рамки
- темно дрво
- златни елементи
- бронза
Без ова, домот ќе изгледа премногу едноставен.

ПРЕДНОСТИ НА БЕЖ-ДОМ
Беж нијансата секогаш го дава оној хотелски, луксузен ефект, каде секој простор станува светол, чист и висококласен.

Таа придонесува просторот да изгледа поголем визуелно и на некој начин ги спојува границите.

Беж можете да комбинирате со СÈ. Можете да смените декоративни елементи создавајќи нов амбиент за еден ден.

МААНИ НА ЦЕЛОСНО БЕЖ-ДОМ (и како да се избегнат)
Потрудете се да не дојде до преплавеност, односно презастапеност на бојата. За да го решите ова додадете текстури заедно со една темна точка во секоја просторија.

Друго решение за да одбегнете монотонија е да си поиграте со материјали (дрво, кафеав мермер, светол камен).

За ентериерот да не изгледа „премногу мек“ вклучете црни детали (рамки, ламби, метални акценти).

КОИ ПРОСТОРИИ ПОДНЕСУВААТ ЦЕЛОСЕН BΕΙGE-LOOK?
На прво место е дневната соба. Таа треба да биде топла, пријатна и визуелно луксузна а бежот е создаден да го даде токму тоа чувство.

Спалната соба е исто така одлично место за беж — создава атмосфера како да сте во некое луксузно зен место.

Доколку внесете беж нијанси и детали во бањата (травертин и микроцемент) таа станува архитектонско ремек-дело.

КОГА НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЦЕЛОСНА БЕЖ ПАЛЕТА?
- Ако имате премногу темни дрва (махагони или цреша). Се судира со топлината на бежот.
- Ако просторот е презаситен со украсни линии. Беж нијансата бара „чисти“ форми.

ЗАКЛУЧОК: ДАЛИ ДА ГО НАПРАВИШ ЦEЛИOT ДОМ ВО BEIGE?
Дa, ако е направено со слоеви, текстури и луксузни акценти.

Беж бојата е:
- смирена
- елегантна
- луксузна
- бесценета за фотографирање
- идеална за светло
- и најважно – таа е безвременска.
Тоа е палета што зборува за стил, вкус и зрелост.

БОНУС – ELENA LUKA HOME ПРЕПОРАКА
Ако се одлучите да го направите домот целосно во беж:
Употребете мебел со чисти линии

Златни или мат-црни детали

Boucle + кожа

Дрво: светол орев или „sand oak“

Камен: травертин, слонова коска

За осветлување одберете нежно, топло, дифузирано светло


Мојата нова адреса е ЕЛЕНА ЛУКА HOME.
Автор: Елена Пандевa
