Четврток е ден за крем и црвена боја коишто денес ги носиме во елегантна комбинација.
Предложуваме крем здолниште со шлиц во комбинација со црвен џемпер-ролка. На овие две парчиња додаваме бордо хулахопки и чевли во иста нијанса.
Стајлингот го финишираме со крем капут, ракавици без прсти и чанта во три нијанси.
Ви посакуваме убав ден.
Фото: Pinterest