Да си замислиме желба…

И ете сме на последниот ден од 2024-та. Многумина ќе кажат кога летна годината.

Секогаш е така, брзаме, итаме, неретко и скитаме се додека не го пронајдеме тоа што го сакаме. Патот може да биде тежок, да наидеме на неочекувани нешта, да се изненадиме, но и разочараме.

Како вчера да беше кога… ќе речеме, а потоа ќе останеме замислени длабоко копајќи по тоа што се случило, колку ни значело и што сме постигнале.

Секој нов ден е нова шанса, не знаеме што ќе ни донесе, затоа само треба добра мисла секој од нас да понесе, да ја негува и чува.

Замислете си ја следната година како големо бело платно кое ќе го обоите со убави спомени, со смели бои на истрајност, со нежни нијанси на љубов и топли тонови на пријателство.

Нека биде година во која ќе славите големи и мали успеси, година од која многу ќе научите, година во која ќе споделите многу среќа со најмилите.

Кога ќе си посакате желба сетете се на тоа што веќе го имате и бидете благодарни.

Запомнете дека со новата година доаѓа една нова шанса да бидеме подобра верзија од себе и да веруваме дека тоа е навистина возможно.

Затоа допишете ги незавршените приказни, поправете ги “разнишаните” пријателства и дајте втора шанса за поубаво утре.

***Среќна Нова 2025 година***

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=180#!trpen#No Newer Articles#!trpst#/trp-gettext#!trpen#
#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=66#!trpen#No Comments Yet#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=74#!trpen#Leave a Reply#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=73#!trpen#Your email address will not be published.#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

en_GBEnglish