Летото е само по себе предизвик кога треба да се стилизираме за на работа.
Секогаш сакаме да се чувствуваме комотно, убаво и да чекориме полни со самодоверба кон обврските.
Топлото време и климатизираната канцеларија си наметнуваат свои правила на облекување, но добро е што можеме да се прилагодиме доколку ги одбереме вистинските парчиња.
Ние склопивме неколку идеи како ова да го постигнете и да имате убаво лето и додека сте во канцеларија.
Здолништа или панталони, високи потпетици или сандали (доколку е дозволено), фустани, кошули и блејзери, на риги, во боја или комбинирани, цела палета на модни парчиња во различни комбинации.









