Деми Мур блесна во смел и модерен стајлинг за време на Independent Spirit Awards – манифестација што им оддава почит на независните филмови и филмски творци. Овој настан кој е познат по поопуштената атмосфера во однос на традиционалните церемонии, овозможува поголема слобода во стилските интерпретации.
За оваа прилика Деми избра транспарентен долг фустан со корсет-дизајн, кој суптилно ја истакнуваше нејзината силуета. Комбинацијата на црна боја и тенки пруги создаваше елегантен, но авангарден изглед.
Стајлингот го дополни со црно палто од истата текстура, впечатливи високи потпетици и уникатна чантичка во форма на црна пудла.
Како вистинска модна икона, Деми додаде и доза на гламур со својата раскошна долга права коса и минимален, но софистициран накит. Во рацете држеше мало кученце, што ѝ даде уште поголема доза на шарм и ексклузивност на изгледот.
Оваа вечер Деми Мур уште еднаш докажа дека знае како да ги спои класиката и современите трендови во еден беспрекорен стајлинг.