Версаче за прв пат по 47 години ќе прикаже колекција зад која што нема да стојат Донатела или Џани Версаче.
Ова доаѓа по веста дека Донатела ја напушта челната функција на модната куќа по цели 28 години.
Нејзиното место ќе го заземе Дарио Витале, кој важи за еден од најиновативните млади дизајнери во Милано. Витале,41, има работено за Bottega Veneta, Miu Miu и Prada, од каде што си замина во јануари.
Од модната куќа изјавија дека Донатела ќе продолжи да биде заштитно лице на Версаче. Нејзината титула ќе гласи chief brand ambassador, односно главен амбасадор на брендот.
За Витале таа изјави дека е среќна што ќе може да ја види модната куќа низ други очи и се заблагодари на тимот и сите соработници на Версаче коишто го продолжија она што Џани го започна.
Photo: Pinterest