ЕКСКЛУЗИВНО: Fashionel на Миланската модна недела – мода без граници

Уметност, авангарда и беспрекорен стил го одбележаа петтиот ден од Миланската модна недела. Fashionel и нашата известувачка Стејси беа таму за да ги доловат највпечатливите моменти.

Од екстравагантни креации, до смели улични комбинации, ве водиме низ најголемите изненадувања и модни приказни што го одбележаа денот.

Во прилог е освртот на денот кој Стејси го подготви за вас…

Филозофија на времето кое идеолошки се повторува, а визуелно се надградува…

Во такво едно надреалистично доживување се впуштивме на петтиот ден од Миланската модна недела за сезоната есен/зима 25-26 кое ни одржа патешествие низ декадите преку среќа и слобода.

Кога ќе се започне да се анализира во какво време живееме неопходно е да се потсетиме на времињата кои сме ги поминале, како било интересно, но и каков бил квалитетот на нештата кои го опкружувале и опишувале амбиентот.

Си споменуваме за 80-тите, кога зимувањата и летувањата беа неопходно случување со познато чувство на веќе одамна фамилијарно присвоена локација зачувано на полароиди, во автентичните ски комбинезони или кратки маички со препознатливата естетика за декадата, па кај брендот Fiorucci ќе ги препознаеме во модернизирана форма и интригантен стајлинг во колекцијата „Beatitudo“ за сезоната есен/зима 25-26.

Си споменуваме за 90-тите, кога бендовите Nirvana и Iron Maiden повлекоа нов начин на бунтовност и steet естетизирање, со избледени Т-маички и искинати фармерки, па кај брендот Aniye Records ќе ги препознаеме како реинтерпација во развечените џемпери со вплетени логоа и растресените здолништа износени со високи потпетици.

Си споменуваме за 2000-тите, кога играта со модата нè поведе во транс, и размислувањето за иднината т.е. футура беше присутна во секое модно парче зрачејќи мода, уметност, музика и кинематографија, па кај брендот MSGM ќе ги препознаеме преку психоделичните принтови во неон едвај прикриени со тул во откачена слобода, или сплетените црвени букви на бела основа на преувеличениот шал.

На крајот од денот, по толку мисли за времето и нештата изминати, поетесата Катерина Фронџи нè запраша: „Навистина ли ги помисли сите овие нешта…?“ и нè натера да се замислиме повторно…

Автор: Анастасија Стејси Марш Богдановска

ФОТО: Марко Маркоски

Повеќе фотографии од објективот на Fashionel, од петтиот ден од Миланската модна се достапни тука:

 

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=66#!trpen#No Comments Yet#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=74#!trpen#Leave a Reply#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=73#!trpen#Your email address will not be published.#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

en_GBEnglish