ЕЛЕНА ЛУКА со нова екстравагантна фотосесија за пазарот во Дубаи

Луксуз, гламур и блескави кристали беа во центарот на вниманието на новата екстравагантна фотосесија на модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, создадена специјално за престижниот пазар во Дубаи. Луксузниот амбиент, блескавите светла и внимателно одбраната естетика беа заштитен знак на истата. Со овој проект, брендот уште еднаш го потврди својот статус како синоним за елеганција, креативност и врвна изработка.

Новата колекција плени со рачно изработени креации, богати со детали, прецизни кроеви и современ дизајн кој ја доловува естетиката на луксузот. Секое парче од овиe луксузни модели е резултат на часови рачна работа и уметничка визија, создадено за жената што сака да изгледа уникатно и самоуверено.

Во фотосесијата беа претставени и величествени венчаници, украсени со фини ткаенини и рачно аплицирани детали, кои совршено ја отсликуваат препознатливата елеганција на ЕЛЕНА ЛУКА. Со оваа колекција, брендот не само што ја освојува модната сцена на Блискиот Исток, туку и уште еднаш го афирмира македонското модно творештво на светско ниво. Настанот беше вистински спој на елеганција и уметност, каде блеснаа не само креациите туку присутните познати лица, како моделот Вера Мештеровиќ, актерката Драгана Левенска како и врвните модели од реномирани модни агенции, што даде дополнителен сјај и професионалност на настанот.

Со внимателно осмислени стајлинзи и врвна продукција, ова беше навистина светска фотосесија реализирана во Македонија, која уште еднаш покажа дека домашната мода стои рамо до рамо со светските трендови.

Со оваа колекција, ЕЛЕНА ЛУКА  ја потврдува својата позиција како лидер во модниот свет на Балканот и достоен претставник на македонската мода на светската сцена.

 

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish