Во ова годишно време природата добива топли, длабоки нијанси златна, бордо, маслинеста зелена, карамел. Тие бои нека бидат инспирација и за вашиот моден стил сезонава.
И токму чантите во боја се најубавиот начин да внесеш свежина и карактер во секоја есенска комбинација. Во есен, кога облеката најчесто се движи во потивки, неутрални тонови – сива, беж, кафеава или црна, токму чантата во боја може да го направи целиот изглед поинтересен и поперсонализиран. Една чанта во топла црвена, горчливо жолта, зелена или темносина нијанса веднаш внесува живот во вашата комбинација.
Како да ги комбинирате чантите во боја
Со класичен капут или палто додајте контрастна чанта. На пример, бордо чанта со беж капут, или смарагдно зелена со темносив. Тоа создава рафиниран, модерен баланс. Со џемпери и плетени фустани,топлите текстури на есента прекрасно се вклопуваат со чанти од велур, кожа или платно во боја. Сенф-жолта или боја на вино ќе даде совршен акцент.
Со чизми и аксесоари во иста нијанса, не мора да бидат идентични, доволно е да се во сличен тон. Чанта и чизми во различни нијанси на кафеава, на пример, создаваат хармоничен, природен изглед. Есен е сезона на боја, текстура и елеганција, затоа одберете чанта што ќе ја раскаже вашата модна приказна и ќе ја внесе таа магична есенска енергија во секој ваш ден.









