Филмска магија со ЕЛЕНА ЛУКА: Оскаровска Гала вечер на 22 февруари во МНТ

Вистинска филмска магија ќе се случува на 22 февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар во Скопје кога ќе се одржи втората Оскаровска Гала вечер.

На концертот ќе бидат изведени песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар.

Модната куќа ЕЛЕНА ЛУКА со гламурозните креации ќе даде моден печат на оваа блескава музичко-филмска ноќ, исто како и на првата Оскаровска гала вечер.

Филмските композиции ќе ги исполнат врвни македонски пејачи: Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска (South Park), Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ, Јасна Димитровска, заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect, под диригентската палка на Владимир Димовски и Полифонија.

Миланка Рашиќ, коментатор на Оскаровското шоу и автор на емисијата за филм „Во кадар“ на МТВ, ќе ја води публиката низ Оскаровските приказни.

Филмската магија на сцената ќе ја создадат и настапите на балетските уметници Саша Ефтимова и Ендрју Кук, како и танчерите од танц клубот Dancers United.

„Музичкиот избор од оскаровските песни е извонреден. Сигурна сум дека публиката ќе ужива во маестралните изведби на големите хитови и во нашиот музичко-филмски времеплов“ – вели Миланка Рашиќ.

„Ова е еден од ретките настани во нашата земја на кој се изведува музика со врвен квалитет. Преку овој концерт се чувствуваме како дел од Оскаровската магија“ – вели Горан Наумовски.

Пристигнувањето на посетителите на Црвениот тепих е од 19:30, а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20:00 часот.

Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.

 

 

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=66#!trpen#No Comments Yet#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=74#!trpen#Leave a Reply#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=73#!trpen#Your email address will not be published.#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

en_GBEnglish