Широка понуда на премиум станови со различни квадратури во FUTURA 3-4

Со реализацијата на FUTURA 3-4, финалниот станбено-деловен проект, комплексот FUTURA на ELENA LUKA HOME станува целосно заокружена целина.

Секоја од 208-те станбени единици во FUTURA 3-4 е внимателно проектирана за да обезбеди максимална искористеност на просторот, комфор и естетска хармонија. Со квадратури од 23m² до 96m², становите се достапни во широк спектар на димензии и распоредни решенија, идеални за различни стилови на ентериерно уредување.

Во FUTURA 3-4, секој стан е дизајниран со фокус на тоа да се обезбеди голема количина на природна светлина, оптимален распоред на просторот, а имплементирани се висококвалитетни материјали.

Завршните обработки и деталите се внимателно одбрани за да создадат елегантен, модерен и топол амбиент, кој овозможува ексклузивно домување.

FUTURA 3-4 располага со станови од различни квадратури од гарсониери до четирисобни, односно домови што одговараат на сечии потреби.

Без разлика дали живеете сами, со партнер или сте дел од повеќечлено семејство FUTURA 3-4 го има токму тоа што ви е потребно.

Внимателно проектираните станови се прилагодуваат на вашиот животен стил, а врвните премиум материјали во секој од нив гарантираат долготрајност, безбедност и енергетска ефикасност.

FUTURA Complex е позициониран на булевар „Борис Трајковски“, во срцето на Општина Кисела Вода, на само неколку минути од центарот на градот, опкружен со сите неопходни социјални и инфраструктурни содржини.

Како и останатите објекти во FUTURA Complex, и FUTURA 3-4 се карактеризира со врвен квалитет на градба и најсовремени материјали. Вградени се сертифицирани градежни материјали од европско производство, кои гарантираат долготрајност, безбедност и енергетска ефикасност.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish