„Ифигенија за ништо“ нова претстава во Драмски театар Скопје

„Ифигенија за ништо“ е насловот на првата претстава што ансамблот на НУ Драмски театар Скопје започна да ја подготвува во 2025 година.

Претставата „Ифигенија за ништо“ по текстот „Ифигенија од Авлида“ од Еврипид, се работи со адаптација, режија и кореографија на Филип Петковски. Сценографијата ја подготвува Мартин Манев, костимограф е Антонија Гугинска Јорданоска. Музиката во претставата е на композиторот Борис Харфман од Хрватска. Фотографијата е на Марко Марјановиќ.

„Претставата дава современ и постдрамски пресврт на приказната на Еврипид. Со поставување на наративот во современото општество во кое живееме се прави паралела помеѓу антиката и современото доба во кое живееме. Оваа адаптација се обидува да ја истакне безвременската природа на овие теми и нивната важност во денешниот свет“.- вели режисерот Филип Петковски. 

Ликовите во претставата „Ифигенија за ништо“ ги играат актерите на Драмски театар: АГАМЕМНОН: Димитрија Доксевски, МЕНЕЛАЈ: Филип Трајковиќ, КЛИТЕМНЕСТРА: Јелена Жугиќ, ИФИГЕНИЈА: Нина Елзесер, АХИЛ: Стефан Вујисиќ, АРТЕМИДА: Сара Климоска, ОРЕСТ: Марјан Наумов,ДЕЧКОТО/СВЕТИОТ ЕЛЕН: Томислав Давидовски.

Хорот го сочинуваат актерките Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Јована Спасиќ, Александра Павлова Бубања и како гостин,  Јована Миладинова.

„Ифигенија за ништо“ е првата претстава што почнува со процесот на работа по објавувањето на Годишната програма за 2025 година. Премиерата е планирана за почетокот на април.

 

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=66#!trpen#No Comments Yet#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=74#!trpen#Leave a Reply#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=73#!trpen#Your email address will not be published.#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

en_GBEnglish