Езерото Комо е едно од најубавите и најромантичните места во светот, па затоа не е ни чудно што Chanel го одбра за своето Cruise шоу.
Одлична локација за модната куќа да прикаже преку своите дизајни како го замислува летото. Сепак самото модно шоу, не беше наменето за инфлуенсери и новинари, туку да им понуди на верните следбеници практична облека за нивниот одмор.
Моделите продефилираа во елегантни, корални блејзери со златни копчиња, кратки здолништа, но и покежувал варијанти како топ на риги и панталони. Повеќе кремави решенија, фустани од тантела, и наметки за прошетка со брод.
Видовме и вечерни предлози како лесни јакни, плетени здолништа со што покажаа дека брендот секогаш знае да ја спои препознатливата класика со модерните тенденции.
Помеѓу гостите беше и Кира Најтли која е абасадор на Chanel. Актерката се истакна со својот елегантен избор – црно бел широк фустан со романтична нишка створена за атмосферата покрај езерото Комо.
Фото: Profimedia, AP Images