Понекогаш нашето тело ни кажува дека е време за детокс, односно за ослободување од штетните токсини. Следниве неколку знаци ќе ви помогнат полесно тоа да го направите.
Проблем со стомакот
Доколку имате киселини, подуеност, гасови, лошо варење и други слични проблеми организмот ви кажува дека телото тешко ги ослободува токсините. За да си помогнете во овој случај треба да конзумирате храна којашто го забрзува метаболизмот и го чисти од непотребните материи.
Сува/проблематична кожа
Ако вашата кожа е сува, имате акни, црвенила или посериозен проблем како егзема вашето тело се бори со токсини. Не секогаш луѓето знаат дека кожните проблеми укажуваат на проблем во внатрешноста на телото. Можеби кремите за кожа ќе помогнат, но секако треба да испитате и повеќе параметри, доколку проблемот се појави пак или перзистира.
Не можете да ослабете
Соодветна храна и дневна активност се клучни за здравјето на организмот. Но, за телото да може добро да ја обработува храната и да ги согорува маснотиите хормоните се исто толку важни. Ако имате хормонски дисбаланс, тогаш ќе биде тешко да ја достигнете саканата тежина.
Лошо расположение, несоница и немање енергија
Овие симптоми укажуваат на присуство на токсини, но се поврзани и со храната. Слатките работи, процесираните јадења, кофеинот и адитивите знаат да го нарушат правилното функционирање на телото. Затоа треба да се внимава на она што го внесуваме во нашиот организам и како го трошиме слободното време.
Почесто се разболувате
Кога телото е полно со токсини, бактериите и вирусите многу полесно навлегуваат и го ослабуваат и имунитетот. Стресот има тука големо влијание, но и алкохолот, храната, одредени лекови и слично. Доколку почесто се разболувате, јасно е дека телото треба да се ослободи од токсините и да се работи на имунитетот.
Фото: Pinterest