Изминатиов викенд Доха беше центар на едно од најочекуваните модни случувања во регионот. Се одржа седмото по ред издание на Fashion Trust Arabia наградите, а за седиште на настанот беше одбран Националниот музеј на Катар.
Големата награда за животно дело ѝ беше доделена на Миуча Прада, во чест на нејзиното револуционерно влијание врз современата мода, додека престижната Trailblazer награда му припадна на дизајнерот Зухаир Мурад.
Меѓу специјалните гости и поддржувачи на настанот беше жената зад Vogue, Ана Винтур, врвни дизајнери како Даниел Розбери, како и супермоделите Жизел Бундшен и Тајра Бенкс, кои ја заокружија вечерта со своето препознатливо гламурозно присуство.
Во продолжение дел од блескавиот црвен тепих каде доминираа светкави модни решенија и безвременската црна нијанса.

















