Карираните парчиња умеат умешно да се проткајат низ секоја сезона. Сепак некако најмногу и прилегаат на есента.
Ова годишно време како да е создадено за овој дезен којшто денес го гледаме речиси во секој дел од облеката.
Карирани капути, кошули, панталони, капи, здолништа… само посакајте карирано и може да го имате.
Неговата разноликост и разиграност му дава посебен шмек на секој аутфит. Дури и најмала доза на карирано парче прави разлика.
Есента ни е пред врата, па затоа денес нашиот фото водич го посветуваме токму на неа.