Кејт Мидлтон во морнарски стил како принцезата Дајана

Кејт Мидлтон неодамна се појави со уште еден стајлинг којшто неодоливо потсетува на принцезата Дајана.

За свечената прилика Кејт беше симболично облечена во темно син фустан-палто со бели детали, дело на британската дизајнерка Сузана Лондон.

Фустанот, изработен од луксузна италијанска волна, Кејт го комплетираше со сини-бела шапка со широк обод којашто дополнително го збогати софистицираниот изглед.

Слична ваква креација носеше и покојната принцеза Дајана во 1993-та година, дизајн на Кетрин Вокер.

Таа тогаш го комплетираше стајлингот со црни потпетици, а Кејт овој пат ја одбра познатата беж варијанта на чевли во која што се има појавено во повеќе прилики.

Photo: Instagram

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish