Кога природата и архитектурата ќе се спојат во совршенство

Во Италија, поточно на островот Сардинија се наоѓа еден клуб ресторан наречен Ritual Club. Она што навистина воодушевува кај него, покрај вкусната храна, е самата градба која што е совршено прилагодена на природата.

Објектот е вграден во карпа и опкружен со маслинови дрвја и мирта и токму затоа е еден од најоригиналните во земјата.

Основан е во 1970-та, а го сочинуваат сплет на тераси, тунели и пештери во карпи што го прават вистинско уметничко дело во коешто архитектурата и природата се надополнуваат.

Ресторанот нуди свежи морски плодови и мноштво креативни јадења како на пример орада со манго и тартуфи.

Влезот Ritual Club е низ пештерата Temple, позната по акустиката, па гостите имаат чувство дека влегуваат во древно светилиште.

Фото Le Terrazze Ritual

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish