Летната сезона едноставно не можеме да ја замислиме без комбинезоните.
Ова парче облека е одличен избор за многу прилики од причина што истовремено е атрактивно, но и практично што значи дека ни заштедува време.
Комбинезоните се многу едноставни и лесни за носење и комбинирање. Кога се во прашање материјалите, памук џинс и лен се секогаш присутни во потесниот избор.
Исто така во однос на дезените и боите покрај еднобојните модели, тука се и оние со риги.
За посвечени пригоди може да одберете комбинезони со карнери, широки ногавици или суптилно деколте во комбинација со елегантни чевли.
A dose of inspiration below.