Кралицата Ранија од Јордан е пример за елеганција во бордо

Кралицата на Јордан, Ранија, важи за една од најдобро облечените благородници во светот и неретко ги диктира модните трендови.

На нејзината последна посета во Италија, таа беше пример за елеганција во бордо аутфит и ги восхити сите со својот бепрекорен стил.

Ранија носеше прекрасен бордо, миди фустан којшто ги истакнуваше нејзините облини, а изгледот го дополни со Луј Витон чанта од последната есен/зима колекција.

Иако навидум едноставен фустанот имаше суптилни софистицирани детали како асиметричниот крој на долниот дел и наборите на едната страна кај рамото.

Овие префинети стилски моменти создадоа чувство на движење, додека долгите ракави додадоа доза на префинетост правејќи го овој стајлинг максимално женствен и елегантен.

Фото AP

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish