Ако судиме по модните блогерки на Инстаграм, oversized трендот во преодната сезона ќе го заменат малку поинакви варијанти.
Се повеќе можеме да забележиме кратки, односно кропирани модели на јакни и капути, коишто мораме да признаеме се совршени за овој период. За разлика од долгите модели, кратките се помалку елегантни, ама затоа пак носат еден младешки дух и свежина во игледот.
Ширината останува како опција, но и за оние кои преферираат потесни модели, изборот е голем. Кратките модели на јакни и капути се одлични за секојдневни комбинации, а во однос на нијансите предност имаат оние посветлите.
Исто така се поголема е популарноста на кратки кожни јакни, коишто се прв избор на многумина за почетокот на пролетта. Стилизирањето на кропираните модели е навистина лесно – тие одлично се сложуваат како со фармерки и панталони така и со фустани.
Еве како тоа го прават модните блогерки на Инстаграм.