Марија Грација Кјури заминува од Диор по девет години на челната позиција

По девет години на челната позиција како креативен директор во Диор, Марија Грација Кјури ја напушта модната куќа.

Иако се уште не е официјално објавено кој ќе биде нејзиниот наследник едно име се споменува, а тоа е Џонатан Андерсон, британецот кој од неодамна ја раководи машката линија на Диор.

Од модната куќа оддадоа посебна благодарност за беспрекорната работа на Кјури на што италијанската дизајнерка изјави дека и било посебна чест да работи за нив.

Марија премина од Валентино во Диор во 2016 и го искористи моментот да им даде глас на женските дизајнери, уметници, фотографи, писатели.

На колекциите им вдахна феминистичка нишка покрај добро познатите романтични елементи, а на критиките возвраќаше дека се уште постојат предрасуди во однос на женските дизајнери.

Работата на Кјури за Диор ќе остане запаметена по тоа што таа покажа како модата може да стане медиум за социјални пораки и женска моќ.

Фото:Instagram, Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish