Модната куќа Мејсон Марџела е позната по тоа што одбегнуваше да вклучи познато лице во своја кампања.
Затоа веста дека Мајли Сајрус е нивно заштитно лице во кампања за сезоната есен/зима 2025 предизвикаа чудење во модниот свет.
Сајрус се има појавено повеќе пати во креации од Марџела, важи за едно од најпопуларните лица во шоу бизнисот, а од неодамна се смета и за модна икона.
Кампањата ја снимаше фотографот Паоли Роверси, а Мајли во неа се појавува во серија мрачни, речиси надреални портрети.
Во дел од нив е обвиткана со сенки, во други половично откриена. За кампањата ѕвездата изјави дека сосема се соживеала со улогата и веќе се чувствува како дел од модната куќа.
За Мејсон Марџела ова е почеток на една нова ера. Иако се уште ја негуваат својата препознатлива естетика, сега се малку поотворени кон јавноста со лик којшто секогаш привлекува внимание.
Photo: Instagram