Микро француски маникир – елегантен и минималистички тренд

Францускиот маникир отсекогаш бил класика, со која нема да погрешите. Во моментов, хит е микро францускиот маникир – суптилен, минималистички и софистициран. Наместо класичната полна линија на врвот на ноктот, овој стил ја задржува бојата во тенка контура по самиот раб.

Микро францускиот маникир може да биде класичен со бела боја или разигран со различни нијанси и текстури.

Како да направите микро француски маникир?

Овој стил бара прецизност, но бидејќи линијата е тенка, полесно е да се нанесе отколку класичниот француски маникир.

Започнете со основен слој од проѕирен или месо боја лак, а потоа со тенка четка внимателно нацртајте линија на работ од ноктот. За совршена завршница, исчистете ги евентуалните грешки со коса четка натопена во отстранувач на лак.

Недостатокот на микро францускиот маникир е што линијата на врвот е најизложена на оштетувања.

За долготраен ефект, користете квалитетен заштитен слој и внимавајте на вашите нокти кои доколку правилно ги третирате, можат да бидат најубав накит.

Во прилог издвоивме неколку фотографии кои може да ве инспирираат за да направите токму микро француски маникир.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish