Моден камбек: Карираните кошули повторно во центарот на вниманието

Карираните кошули се враќаат на голема врата. Тие се класика што никогаш не излегува од мода, но оваа сезона добива ново модерно издание.

Карираните кошули се вистински моден хит, од шик комбинации до елегантен урбан стил. Се носат во најразлични варијанти, со широк крој, oversize модели, со појас на струк, или врз маици и ролки за повеќеслоен изглед.

Комбинирајте ја со фармерки со висок струк за секојдневен стил, или со кожни панталони за впечатлива урбана комбинација. За поелегантен изглед, можете да ја носите со миди здолниште и чизми до колена – совршена комбинација за ладните есенски денови.

Карираната кошула не мора секогаш да биде класична – оваа есен тренд се модели во пастелни нијанси, комбинирани материјали и интересни копчиња. А најубавото е што лесно можете да ја прилагодите на вашиот стил, отворена преку бела маичка, закопчана до горе со впечатлив накит, или врзана во струк за неформален, младешки изглед.

Без разлика дали ја одбирате за прошетка, кафе со пријателки или како дел од вашиот секојдневен аутфит, со карираната кошула нема да згрешите. Таа додава топлина, стил и карактер на секој изглед и е вистински симбол на есенската мода.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish