Во Њујорк викендов се доделија престижните Тони награди за најдобрите театарски остварувања на славниот Бродвеј.
Домаќинка на настанот беше актерката Синтија Ериво, а на црвениот тепих прошетаа многу познати лица.
Џорџ и Амал Клуни, Брук Шилдс, Никол Шерцингер, како и Ана Винтур со својата ќерка воодушевија со стилските решенија, а не изостанаа и помладите актерски ѕвезди како Сајди Свинк.
Во продолжение погледнете некои од најдобрите модни моменти на вечерта.