Никол Кидман има нов имиџ којшто одлично и прилега

Мет Галата, како и секогаш, така и овој пат ни подари стајлинзи за паметење. На таа листа се најде и Никол Кидман која со својот нов имиџ – кратката коса, пријатно ги изненади сите присутни.

Позната по својата кадрава коса (во младоста) и долгите златни прамени низ годините, ова беше еден смел чекор за актерката во вистинско време.

Зад новата bixie фризура, која што е комбинација од боб и пикси стил, стои долгогодишниот стилист на Никојл, Адир Абергел.

За разлика од претходните години кога Кидман, како и повеќето ѕвезди, користеше перика, сега таа одлучи да направи вистинска трансформација.

Австралиската актерка, за оваа прилика, носеше креација од Баленсијага од далечната 1952-ра година, за чијашто изработка беа потребни 700 часа.

Photo: Instagram

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish