По 29-ти пат Агенција Марили ги избира најуспешни жени менаџери на годината

Агенција „Марили“ , годинава, традиционално по 29-ти пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот на 17.05.2025 (сабота),  во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје. На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ за лауреатки ќе бидат прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд, сите се препорачани од нивни колеги и соработници, доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности, и секако почитувана е нивната согласност да бидат дел од изборот.

Годинава дури 13 менаџерки ќе бидат наградени и ќе добијат  статуетка „Жена водилка“. Од нив 11 се менаџерки од Р.С. Македонија, една од Р. Србија и една од  Р. Хрватска.

На манифестацијата менаџерките, гостите од државните институции и реалниот сектор, како и гостите од дипломатијата, покрај свеченото прогласување на жените менаџери, ќе имаат можност да ги слушнат прекрасните музички изведби на младата виолончелистка Ада Богоевска, придружувана на пијано од Марија Богоевска , како и изведба на младата и успешна оперска певица, сопранот Ева Живковска придружувана oд уметничкиот соработник Дарко Мариновски. За комплетно уживање на публиката и оваа година, традиционално, ќе се погрижи незаменливата Ели Танасковска.

Изјава на Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“

„Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е  поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век  и да бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив“, вели генералната менаџерка на агенција „Марили“ и организатор на манифестацијата, Лидија Трипуноска.

Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското претприемашво и лидерство, особено во застапеноста на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на што треба континуирано да се работи. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish