Познатата вила на Коко Шанел, La Pausa, повторно ги отвора вратите

Во 1928 Коко Шанел создаде мало парче рај на француската ривиера каде што се преплетуваа уметноста и елеганцијата. Вилата која што го носи името La Pausa е сега повторно отворена за посетители, откако беше целосно реновирана.

Зад автентичното рекреирање на некогашната градба, стои архитектот Питер Марино. Тој искористи стотина стари фотографии за да го направи ентериерот токму онаков каков што беше во времето на Коко.

Самата градба е опкружена со ароматични растенија, лаванда, јасмин и магнолии што дополнително придонесува за идиличната атмосфера. La Pausa било местото каде Шанел одела за да ги наполни батериите со одбрано друштво и да одмори од турбулентното секојдневние.

Имотот вклучува и капела, гостинска куќа, како и тениско игралиште. Тука Коко собирала писатели, уметници и разни мислители, коишто развивале долги дискусии за многу животни прашања.

Сепак приемот на гости ќе биде ограничен, а вилата ќе послужи и како место за инспирација за креативните директори и соработници на модната куќа Шанел.

Фото Chanel

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish