Можеби во минатото ригите се поврзувале со морнарскиот стајлинг, но денес овој дезен го носиме на секакво парче облека.
Сепак едно од најпрепознатливите е секако кошулата, која што покрај тоа што е дел од деловниот стил, таа е и неодминливо парче за кежуал моменти.
Ригите доаѓаа најчесто на бела основа, па така имаме кошула на црни, сини, розови, црвени риги со различна дебелина.
Овој дезен е толку допадлив, па речиси и да нема некој што не поседува една кошула на риги во својот гардеробер.
Истовремено елегантна, но и пролагодлива за секојдневен стајлинг, кошулата на риги е одлично решение за пролетен аутфит.
Затоа во продожение разгледајте го нашиот мал фото водич за инспирација.
Фото:Pinterest