Ријана со синовите на филмска премиера во креација на Сан Лоран

Ријана, којашто го очекува своето трето дете со партнерот Ејсап Роки се појави со своите синчиња на премиера на филмот Штрумфови.

Пејачката, 37, за оваа прилика модно се усогласи со РЗА,3 и Рајат,2, со што привлече големо внимание на синиот тепих во Лос Анџелес.

За оваа прилика Ријана одбра гламурозен фустан во чоколадна нијанса, украсен со маслинеста машничка и тантела во горниот дел.

Креацијата, дело на Сан Лоран, ја дополни со кафеава кожна јакна.

Нејзините синови беа стилски усогласени, особено Рајат, којшто беше облечен во мини верзија од најновата колекција на Диор со потпис на Џонатан Андерсон.

Ријана во филмот Штрумфови го позајмува гласот за слатката Штрумфета.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish