Selena Gomez showed why the little white dress is a great winter choice

Доколку се мислевте дали белиот фустан е добар избор за во зима, одговорот го има Селена Гомез. Таа се врати на работа оваа недела откако ја освои публиката со гламурозен фустан во „Пепелашка-сина“ нијанса со потпис на Прада на Златните глобуси. Овојпат, таа избра две елегантни варијанти на мали бели фустани.

Во понеделник, актерката беше забележана во Лос Анџелес за гостување во емисијата Jimmy Kimmel Live. При пристигнувањето, Гомез изгледаше прекрасно во бел мини-фустан украсен со мрежест дезен, изработен од бели бисери и кристали. Високите потпетици во бела боја од Aquazzura кои таа ги избра за оваа прилика го правеа нејзиниот изглед совршен.

Што се однесува до накитот, Гомез носеше висечки златни обетки и повеќе дијамантски прстени, вклучувајќи го и нејзиниот веренички прстен од Бени Бланко, кој ја придружуваше на Златните глобуси во монохроматска бела комбинација.

За заминување од емисијата, Гомез се преоблече во уште еден прекрасен зимски аутфит – снежно бел мини-фустан со еден ракав и детали со реси на работ. Оваа комбинација беше дополнета со свилена двојно закопчана блејзер јакна, сјајни бели потпетици и мала плетена чанта со златни детали од Roger Vivier. И во двата стајлинга, Гомез додаде црвени нијанси на усните и сенката за очи.

Стајлинзите на Селена во бело уште еднаш покажаа зошто малите бели фустани остануваат одличен моден избор и совршен начин да изгледате прекрасно во зима.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish