Венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез предизвика големо медиумско внимание, а некои ја нарекоа и свадба на деценијата.
Двојката како место за размена на нивните завети ја одбра Венеција, а на свечениот чин поканети беа голем дел од холивудските ѕвезди. Санчез носеше затворен фустан со тантела, дело на Долче и Габана, а инспирација за истата беше фустанот на Софија Лорен од филмот Houseboat од 1958.
За изработката беа потребни 900 часа, а како украс беа употребени 180 свилени копчиња.
Покрај парот, вниманието го привлекоа и гостите меѓу кои сестрите Кардашијан-Џенер, Леонардо Ди Каприо, Орландо Блум, Иванка Трамп, Опра, Ашер и други.
Погледнете ја галеријата во продолжение