Среќен 37-ми роденден Ема Стоун

Ема Стоун е родена на денешен ден пред 37 години. Оваа двојна оскаровка е позната и по својот уникатен стил, а токму црвениот тепих е местото каде што ѕвездата навистина блеска.

Стоун своето филмско деби го имаше во тинејџерската комедија „Superbad“ од 2007 година, по што доби позначајни улоги во филмовите „Zombieland“, „Easy A“, „The Help“ и „Birdman“.

Својот прв Оскар го освои за главната улога во филмот „La La Land“ од 2016 година, а втора пат за закити со престижната награда за улогата во филмот „Poor Things“ од 2023 година.

Таа со својот сопруг Дејв Мекенри е во брак од 2020-та година, а во март 2021-ва го добија своето прво дете — ќерката Луиз Џин Мекери.

Во продолжение неколку одлични стилски изданија на Ема Стоун.

 

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish