Џенифер Лоренс е една од најталентираните актерки на денешницата. На само 22 години добива оскар станувајќи една од најмладите глумици што се има закитено со оваа престижна награда.
Пред да стане ѕвезда таа работела како помошник медицинска сестра во дневниот камп на мајка и.
Во 2019 Џенифер се омажи за Кук Маруни, а во 2022-ра го доби првото дете. Парот годинава го прошири семејството со уште еден член.
Актерката се прослави со изведбата во франшизата „The Hunger Games” во 2012 година и успешно се покажа и во ред други филмови како „Winter’s Bone” (2010), „X-Men” (2011), „The Silver Lining” (2012), „American Hustle” (2013), „Serena” (2014), „Passengers” (2016), „Mother!” (2017), „Dark Phoenix„ (2019) и „Don’t Look Up” (2021).
Лоренс постојано ја воодушевува публиката со својата појава на црвениот тепих, докажувајќи дека знае совршено да го балансира нејзиното чувство за елеганција со младешкиот дух.
Најчесто ја гледаме во светли нијанси и тоалети во којшто изгледа како модерна принцеза.
Среќна 35-ка Џенифер Лоренс.

Photo: Pinterest