На денешен ден 11-ти февруари е родена една од најомилените актерки во Холивуд, Џенифер Анистон.
Џенифер стана мегапопуларна портретирајќи ја Рејчел Грин во култната серија Пријатели, улога која и донесе многу награди меѓу кои Златен глобус и Еми.
Иако веќе е длабоко навлезена во шестата деценија, Анистон изгледа феноменално. Позната е по тонираниото тело и здравиот изглед, за којшто посветува многу внимание.
Кога станува збор за стилот, таа преферира едноставни парчиња со коишто се истакнува нејзиниот младешки дух, како џинс, маички, спортски јакни, кратки фустани и блејзери.
На црвениот тепих претпочита монохроматски тоалети со дефиниран крој, што најчесто ја следат линијата на телото кое гордо го истакнува.
Омилени и се белата, кремавата, разните нијанси на сиво, но знае да облече и црн елегантен фустан со длабок шлиц. Ретко ја гледаме во колоритно издание, а во однос на накит се придржува до изреката less is more.
Во продолжение неколку одлични стилски решенија во чест на нејзиниот 56-ти роденден.
Фото: Pinterest