Супер здрав појадок од сладок компир за енергичен ден

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот и затоа треба да настојуваме да биде здрав и хранлив за да имаме енергичен ден. Во ова брзо време на живеење тој честопати доаѓа во длабока чинија исполнета со разни намирници.

Состојките се секако менливи, во однос на нашите вкусови, па варираат од гранола, мед и јаткасти плодови, до путер од кикиритки и разно овошје.

Сепак за денес имаме еден малку поинаков појадок којшто вклучува сладок компир и грчки јогурт.

Доброто кај овој тип на компир е тоа што може да се користи како за солени така и за слатки јадења.

Компирот го печеме во рерна на 200 степени 45 минути, откако претходно исчистен го премачкуваме со масло.

На тазе печениот компир додаваме грчки јогурт, овошје, гранола и останати состојки според вкусот, како на пример јаткасти плодови и слично.

Исто така доколку сакате можете да додадете мед или путер од кикиритки.

Добар апетит.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish