Модната недела во Копенхаген опасно им конкурира на оние во Париз и Милано. Сканди естетиката веќе одамна има обезбедено голем број на следбеници.
Со својот смел израз којшто неретко е комбинација на винтиџ и модерни парчиња, стилот на скандинавските инфлуенсери секогаш привлекува внимание во модниот свет.
Улиците во главниот град на Данска, се пак посебна приказна. Годинава ладното време наложи многу слоеви, а со тоа и повеќе шанса за експериментирање и мноштво на храбри решенија.
Од класичен скандинавски минимализам до микс од моќни бои и дезени, потенцирајќи ги трендовите за претстојната есен/зима 2025-та.
Предимензионирани капути и палта коишто се на едно повисоко ниво ставија печат на она што ќе го гледаме во сезоната.
Сканди стилот останува доследен на комфорот и и модерните трендови.
Фото:Getty