Уживање без грижа на совест – вегански бомбици без шеќер

Секогаш сакаме да изгледаме добро, а тешко оддолеваме на слатките. За среќа постојат рецепти во коишто можеме да уживаме без да почувствуваме грижа на совест.

Еден таков е и денешниот којшто е одличен за јадење особено за љубителите на темно чоколадо и кокос.

Во овие топли денови не би се одлучиле да пуштиме рерна па затоа ви подготвивме рецепт којшто не се пече.

Состојки за 15 парчиња

  • 150 грама рендана темна чоколада без шеќер
  • 100 грама кокос + 2 лажици за одозгора
  • 2 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици рендани индиски ореви
  • 150 грама урми
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • прстофат сол

Ставете ги сите состојки во соодветен миксер и мешајте се додека не добиете мазна смеса. Од неа формирајте топчиња, извалкајте ги во кокос, наредете ги во рамна тава и ставете ги во фрижидер, еден час, за да се стегнат.

Enjoy!

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish