Несомнено е дека Сара Џесика Паркер е синоним за стил и модерна префинетост.
Затоа не е ни чудо тоа што нејзиниот дом во Њујорк, изгледа еднакво софистицирано како неа.
Станот којшто е моментално на продажба го карактеризираат големи прозорци и природна светлина.
Внатрешноста е совршена комбинација на класични и модерни елементи. Во дневната соба централно место зазема каучот кој додава доза на ретро гламур, а уметничките дела и декорациите се поим за софистициран и опуштен вкус.
Трпезаријата ја карактеризираат високи прозорци, а од неа се излегува во убаво уреден двор, совршен за дружба и опуштање со пријатели.