Во име на љубовта

Љубовта е едно од највозвишените чувства. Таа е емоција која не вивнува до небо, ни дава смисла на животот и не тера да ја бараме одново и одново.

Токму затоа денес ќе посветиме малку внимание на празникот на љубовта – 14 февруари. Љубовта треба да се слави секој ден, но овој датум е посебен.

Прославувањето на Свети Валентин или Valentine’s Day датира уште многу одамна и постојат неколку легенди на настанокот.

Едната од нив вели дека се започнало со римскиот фестивал на плодноста, Луперкалиа, а според друга легенда празникот се слави во чест на свештеник кој бил убиен поради саканата. Според оваа легенда, тој ги потпишувал писмата што ги праќал до неа “from your Valentine”.

Празникот почнал да добива на значење во 17-век, кога луѓето започнале да си испраќаат картички и писма на своите сакани, но и на пријателите.

Сепак првите масовно произведени картички со љубовна содржина за празникот се појавуваат во 1840-те, благодарение на Естер А. Хоуланд, која што креирала креативни верзии со чипка и машнички.

Освен картичките на сцена како подарок стапуваат и чоколадите, а првите во форма на срце се креирани од страна на Ричард Кедбери, во 1861.

Цвеќето е исто така симбол на празникот, а најмногу се подаруваат розите.

Валентин се прославува во САД, Велика Британија, Канада, Австралија, како и во Аргентина, Франција, Мексико и Јужна Кореја.

Поради неговата популарност започнува да се прифаќа и кај нас, па неретко се нудат производи со оваа тематика, како и специјални попусти и аранжмани во чест на Денот на вљубените.

Ние ја славиме љубовта секој миг, а денес со чаша црвено вино и неколку стилски моменти инспирани од неа.

Фото:Pinterest

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=66#!trpen#No Comments Yet#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=74#!trpen#Leave a Reply#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

#!trpst#trp-gettext data-trpgettextoriginal=73#!trpen#Your email address will not be published.#!trpst#/trp-gettext#!trpen#

en_GBEnglish